Игуаин пред преселба во Милан, Бонучи се враќа во Јувентус

Милан и Јувентус и ова лето ќе соработуваат на трансфер пазарот. Леонардо Бонучи пред извесно време им соопшто на челниците на „росонерите“ дека сака да се врати назад во Торино, а миланскиот гигант нема да му прави проблем.

Преговорите се во тек, но тимот од „Сан Сиро“ во замена го сака младиот дефанзивец Матија Калдара.

Двата италијански гиганти преговараат и за трансфер на Гонзало Игуаин во редовите на Милан. Според „ЕСПН“, голгетерот заедно со неговиот брат, кој воедно е и негов менаџер, веќе пристигнале во Милано на преговори. Аргентиенецот се согласил и на полама плата во однос на она што го заработува во Јувентус па сега останува да се договорат само двата клуба за обештетувањето.

Се шпекулира дека Игуаин следната сезона би можел да игра во Милан како позајмен фудбалер, а следното лето целосно да биде откупен неговиот договор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ