Игало останува во Манчестер ј. до јануари 2021 година
Одион Игало ќе остане во редовите на Манчестер јунајтед и во следните шест месеци откако премиерлигашот и Шангај Шенуа се договорија за нова позајмица.
Нигериецот пристигна на „Олд Трафорд“ во јануари оваа година и набрзо импресионираше со своите игри. Менаџерот Оле Гунар Солшер инсистираше Игало да остане во тимот и за следната сезона, а по долги преговори со кинескиот тим, се исполни неговата желба.
Шангај очајно сакаше да го врати игало во своите редови пред рестартот на сезоната во јуни, бидејќи има договор до 2022 година. Новата позајмица на фудбалерот официјално е продолжена до јануари 2021 година.