Идентификуван напаѓачот во Амстредам

Холандските власти соопштија дека мажот кој вчера беше застрелан од полицијата откако избоде две лица со нож на главната градска железничка станица, е 19-годишен Авганистанец, а истражителите не ја исклучуваат можноста екстремизам да е мотив за нападот.

Осомничениот беше испитан во болница. И повредените лица се хоспитализирани, но полицијата не наведе детали за здраствената состојба на тројцата повредени.

Напаѓачот има виза за престој во Германија и амстердамската полиција е во контакт со германските власти.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ