И Њукасл во трка за Кутињо
Њукасл Јунајтед стана најновиот клуб во Премиер Лигата, заинтересиран за потпис на поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Филипе Кутињо.27-годишниот Бразилец кој е под договор со Барселона а сезонава е на позајмица во Баерн Минхен, претходно се поврзуваше со преселба во Челси, Манчестер Јунајтед, Лестер и во Евертон.Шпанскиот дневен спортски весник Депортиво Мундо, известува дека Њукасл би можел да плати и до 80 милиони евра за Кутињо од фондот на новите саудиски сопственици.