Хрватска со втора победа на ЕП: Исланд немаше одговор за „коцкестите“

Хрватската ракометна репрезентација ја забележа втората победа на вториот натпревар на Европското првенство на кое е домаќин.

Во преполната арена „Спаладиум“ во Сплит, „коцкестите“ славеа 29-22 против Исланд во рамки на Групата А. Ова е значајна победата за момците на Лино Червар, бидејќи го задржаа максималниот ефект по два натпревари и можеби пренесуваат важни два бода во следната рунда, нормално под услов Исланд исто така да мине во главната фаза.

Првото полувреме беше доста изедначено, а на паузат домаќинот на турнирот имаше само еден гол предност (13-14). Откако Лино Червар го седна на клупата голманот Мирко Алиловиќ, кој имаше само една интервенција цело прво полувреме, Иван Стевановиќ ја направи потребната разлика на теренот за Хрватска да направи опиплива предност.

Хрватска вториот дел го отвори со серија од 5-1 и го направи најважниот чекор кон победата. Во продолжението не дозволуваше Исланд ниту да помисли на враќање во игра и со добра ротација и сигурна одбрана го зголемуваше водството за конечни 29-22.

Стевановиќ на голот имаше седум интервенции на голот на Хрватска, а во нападот најефикасен беше Лука Циндриќ со седум голови, кој воедно ја понесе и наградата за играч на натпреварот.

На вториот натпревар вечерва во терминот од 20.30 часот, Норвешка со 33-28 ја совлада Белорусија во рамки на Групата Б.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ