
Хрватска сигурна против Австрија на стартот на главната рунда на ЕП
Во четвртиот настап на Европското ракометно првенство, Хрватска ја оствари четвртата победа по ред, односно петтата ако се смета и последниот натпревар од претходниот турнир пред две години.
На стартот од втората фаза, Хрватска ја победи Австрија со 27-23, со што се изедначуваат во табелата со Шпанија, која исто така има 4 бода. Хрватите имаа одлична игра во одбраната против најдобрите голгетери на противникот Микола Билик и Јанко Божовиќ. На полувремето, „коцкестите“ водеа со 13-8, а предноста рутинирано ја одржуваа и во вториот дел за сигурна победа.
Следниот натпревар, Хрватска го игра во сабота против Германија, и доколку победи ќе близу до пласман во полуфиналето.
Најефикасен во овој натпревар од составот на Хрватска беше Златко Хорват со постигнати шест погодоци, по пет реализираа Лука Циндриќ и Домагој Дувњак. Кај Австрија најефикасен беше Вебер со шест голови.