Холденер го одбрани златото во комбинација на СП

Венди Холденер го одбрани златниот медал во алпска комбинација на Светското првенство, што се одржува во Аре Шведска.

Швајцарската скијачка беше петта по трката во спуст, успеа со одлично возење во слалом успеа да стигне до победата, што е втора по ред за неа на светските првенства во оваа дисциплина. Таа имаше само три стотинки подобро вкупно време од второпласираната Петра Влхова од Словачка, додека бронзениот медал го освои Норвежанката Рагнхилд Мовинкел.

На Светското првенство утре во 12.30 часот е закажана трката во спуст во машка конкуренција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ