Холандија ќе почека уште една година на трка во Формула 1

Холандското гран при сезонава требаше да се врати на календарот на Формула 1 по цели 35 години пауза и тоа на реновинираната патека „Зандвурт“.  Трката првично требаше да се одржи на 3.мај, но беше дел од првите десет трки кои беа презакажани поради пандемијата од коронавирусот.

Сега организаторите на трката и формула 1 донесоа дефинитивен одговор дека Холандското гран при нема да се одржи оваа година. Следната недела Формула 1 ќе го објави календарот од осум трки кои ќе се одржат во Европа во периодот од 5 јули до 6 септември, а „Зандвурт“ нема да биде помеѓу нив.

Организаторите не сакале враќањето на Формула 1 во Холандија да биде без навивачи, па затоа официјалниот кам- бек ќе го има следната година.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ