Холандија до бронзата на Европското првенство

Со победата од 24:20 во дуелот против Романија, репрезентацијата на Холандија го освои бронзениот медал на 13-тото Европско првенство во ракомет во женска конкуренција.

Ослабената Романија, која играше без првата ѕвезда во тимот Кристина Неагу немаше сила да и се спротивстави на Холандија, која благодарение на добрата игра во првиот дел на крајот стигна до победа.

Холанѓанките во првото полувреме во еден момент стигнаа до предност од седум гола, но во продолжението од мечот Романките заиграа подобро во одбраната и благодарение на голманката Дениса Стефанија Деду се доближија на негатива од три погодоци, но во завршницата направија неколку грешки и не успеаа да направат пресврт.

Во холандскиот тим најефикасна со седум гола беше Еставана Полман, Нике Грот постигна пет, а по четири пати прецизни беа Ангела Малестајн и Лоис Абинг додека голманката Тес Вестер забележа 14 интервенции.

Кај Романките прв стрелец со шест погодоци беше Нели Ардеан Елисеи додека голманката Деду впиша 10 одбрани.

Двата тима во текот на мечот направија голем број на грешки и имаа вкупно 30 загубени топки по 15 на двете страни.

Во финалето Русија се среќава со Франција, а мечот што полнува од 17 часот и 30 минути ќе можете да го следите низ директен пренос на Телма.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ