ХИРШЕР ВО ДРУШТВО НА СТЕНМАРК И ВОН

Марсел Хиршер ја  зголеми предноста  во  Светскиот куп на алпското скијање.Австриецот денеска пред домашна публика  ја надмина конкуренцијата на слаломска трка во Залбах и со 63-от триумф , се проби на третото место на вечната листа зад легендарниот  Ингемар Стенмарк кој има 86 победи  и Линдзи Вон со 82

 

Марсел Хиршер  брзо има се врати на победите.После 6.место на вчерашниот велеслалом,австриецот денеска триумфираше на слаломската трка пред домашниот аудиторуим во Залбах.Хиршер  имаше фантистично  прво возење и рутински го одработи второто спуштање по патеката што му донесе предност во  збирниот резултат за 38  стотинки пред Лоик Мерлард од Швајцарија  кој заврши на второто место.Новрежанецот Хенрик Кристоферсен финишираше на третата позиција со заостанување од 47 стотинки.Хиршер е лидер во дицсиплината со 200 бода,60 повеќе од Кристоферсен кој се проби и до второто место во генералниот поредот  со минус од  268 бодови  зад Марсел Хиршер.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ