Хет-трик на Работнички сезонава против Блокотехна

Блокотехна не успеа да стане втората екипа која ќе го земе скалпот на лидерот Работнички.

Најтрофејниот македонски клуб ја оствари 26-тата победа на 27-миот натпревар во сезоната откако славеше во Гевгелија со 86-93. Само Куманово успеа да најде лек за „центарци“, но Блокотехна како еден од тимовите, кој конкурира за највисок пласман сезонава има три порази од три натпревари во меѓсебните дуели со лидерот.

Со 16 тројки од 31 обид, искуниот тим на Марин Докузовски го реши натпреварот во своја корист во самиот финиш.

Димитар Мираковски со 19 поени беше најефикасен кај Работнички, додека Данило Мијатовиќ и Антон Казарновски исто така со 19 поени беа најефикасни кај домаќинот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ