ХАЛЕП ШАМПИОНКА НА ВИМБЛДОН

Феноменaлната тенисерка од Романија го одигра веројатно  најдобриот  меч  во карирета и за неполн час на централниот терен на Ол Ингалд клубот во Лондон ја порази Серена Вилијамс со 2-0, по сетови 6-2,6-2.Во освојување на  првиот ГС  трофеј на Вимблдон во кариерата, 27 годишната Халеп успеа да излезе од сенката на седмулратната шампионка која пред финалето имаше скор од 10-1  против тенисерката од Констанца.Халеп која лани го освои Ролан  Гарос, заработи  2.350.000 фунти  и од понеделник ќе направи скок од 7. до 4. место на ВТА листата.На другата страна,Серена Вилијамс пропушти можност да стигне до 24. ГС  трофеј  во кариерата и да се изедначи со рекордерката Маргерет Корт.Утре во машкото финале на Вимблдон ќе играат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ