Гроувс објави крај на кариерата
Поранешниот светски шампион во супер средна категорија Џорџ Гроувс објави крај професионалната кариера.
Триесет годишниот Британец рече дека со освојувањето на титулата ја исполнил главната цела и дека сега сака да му се посвети на семејството.
Последниот настап на рингот Гроувс го имаше во септември минатата година кога беше поразен во мечот против Калум Смит.
Гроувс како професионалец имаше 32 борби и забележа 28 победи од кои 20 со нокаут.