Гравина: Сигурно ќе имаме шампион во Серија А

Иако ситуацијата во Италија  е исклучително тешка и  драматична што ги прави мали шансите за продолжување на Серија А во догледно време, сепак  претседателот на Фудбалскиот сојуз на Азурите , Габриеле Гравина порачува дека сезоната нема да заврши без шампион.

Има план на кој му даваме апсолутен приоритет Ќе бидеме среќни ако ја завршиме сезоната на терен. Во контакт сме со ФИФА за продолжување на договорите по 30 јуни. Ако веќе не бидеме во можност да завршиме, во секој случај нема да останеме без шампион, но одлука за тоа ќе донесе Федералниот суд“, нагласи Гравина.

После 26.коло ,Серија А е во прекин  поради пандемија на коронавирус,.Лидер е Јувентус со 63  бода,еден  повеќе од Лацио.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ