Граѓаните со поделени мислења за новиот Дино парк

Дино парк со 41 фигура на диносауруси  со природна големина и синхронизирани движења е новата атракција за која градот Скопје ќе издвои речиси 325 илјади евра. Ваквата сума за набавка на динсаурусите и уредување на просторот кој зафаќа 2000 метри квадратни и има два влеза  ги подели граѓаните. Некои сметаат дека е оправдано, некои пак дека има други приоритети.

За градоначалникот Шилегов ваквите дилеми не се основани бидејќи во изминативе години град Скопје не само што инвестираше во инфраструктурата на градот, туку и во реновирање на живеалиштата на самите животни во Зоолошката градина и збогатување со нови животни.

– Набавката нема да чини 325 илјади евра ќе чини помалку имајќи предвид дека првиот дел од набавката ја завршивме поевтино, за вториот дел од набавката средствата кои се предвидени се околу 150 илјади евра. Значи вкупно до сега завршените постапки би требало да не чини повеќе од 270 илјади евра. Градот ги изреновира сите средни училишта во текот на овие две години, градинките не се под наша надлежност туку под општините, вели градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Важно е дека се работи за тоа што покрај тоа што е од забавен карактер е и од културен едукативен карактер. Значи покрај забавата таму ќе се едуцираат и деца бидејќи диносаурусите се дел од секое детство на едно дете . Таму ќе се отворат прво нови вработувања. Второ објектот ќе носи финансии и за Зоолошката и за град Скопје, рече директор на Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски.

Според Шилегов ваквите проекти како Дино паркот се значајни и за подигнување на квалитетот на туристичката понуда на градот имајќи предвид дека дека досега ваков проект не е реализиран на Балканот.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ