
Готово е: Игуаин и Калдара во Милан, Бонучи се враќа во Јувентус
Милан и Јувентус направија едни од најголемите трансфери летово.
Голгетерот на „старата дама“, Гонзало Игуаин се сели во редовите на „росонерите“ како позајмен фудбалер на една година за што Милан ќе плати 18 милиони евра, а следното лето има право целосно да го откупи договорот на Аргентинецот за 36 милиони евра.
Од Торино во Милано се сели и младиот дефанзивец Матија Калдара, кој изминатата сезона играше во Аталанта, а во спротивен правец оди Леонардо Бонучи, кој се враќа во Јувентус по една сезона мината на „Сан Сиро“.
Трансферот на Бонучи и Калдара е размена, па ниту еден од клубовите нема да плаќа обештетување.