Гостивар славеше на гостувањето против Блокотехна

Во единствениот натпревар од шестата коло во кошаркарскиот шампионат Гостивар на гостувањето во Гевгелија ја совлада Блокотехна со 84:68.

Најзаслужен за триумфот на гостите беше Јозеф Фустингер кој забележа 25 поени и девет скока, а Александар Костоски додаде 16 поени и две асистенции.

На спротивната страна Повилас Гаидус мечот го заврши со 23 поени и пет освоени топки под обрачите.

Колото ќе се комплетира утре со дуелот на вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички, а мечот се игра во салата на СЦ Јане Сандански и почнува во 20 часот и 15 минути. Во пресрет на последниот дуел на табелата со по 10 бода водат Блокотехна, Куманово и Фени Индустри додека МЗТ Скопје и Работнички на 4-тото и 5-тото место со по осум бода.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ