
Ѓорческа се пласираше во 2.коло од квалификациите за УС Опен
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа стартуваше со победа во квалификациите за последниот сезонски грен слем турнир УС Опен.
Ѓорческа славеше во три сета со 6-7, 7-5 и 6-3 против поранешната 26-та светска тенисерка Лорен Дејвис од САД. Во второто квалификациско коло Ѓорческа ќе игра против Хрватката Јана Фет.
Ова е најголем успех на нашата тенисерка на УС Опен, каде изминатите две години губеше уште во првото квалификациско коло.
Нејзин најголем успех на грен слем турнирите воопшто е третото квалификациско коло на Австралија Опен во 2017 година.