
Гонзалес пресреќен: Јас сум горд на овие момци! (ВИДЕО)
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес очекувано беше пресреќен по ремито со Германија.
Тој истакна дека е горд на неговите избраници и фактот што Македонија го освои првото место во својата група.
„Многу сум задоволен и среќен. Одигравме одличен меч. Имавме и ние притисок затоа што сакавме да бидеме први во групата. Нема што да кажам повеќе, се е супер. Денеска треба да уживаме. Имаме три бода во втората фаза, но одиме чекор по чекор. Јас сум горд на овие момци како играа и како се бореа“, изјави Гонзалес веднаш по натпреварот.