
Гонзалес: Јас сум задоволен, имаме максимални четири бода
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес очекувано беше среќен по триумфот против Црна Гора.
„Јас сум многу задоволен, победивме на два натпревари и имаме 4 бода. Не започнавме добро во првото полувреме, но во второто беше многу подобро и во напад и одбрана. Кузмановски одигра одлично. Имавме трпение и тоа придонесе за победата“, изјави Шпанецот.