ГОНЗАЛЕС ГО ЗАКАЖА ПРВИОТ СОБИР СО 20 РАКОМЕТАРИ

Раул  Гонзелес ги заврши  клупските обрски кон  Вардар  на Ф 4 турнирот во Келн и  се насочи кон работата во македонскиот национален тим.Сениорите на 10 и 13 јуни  го очекуваат бараж двомечот со Романија за пласман на СП во 2019 година што ќе се одржи во Германија и Данска.Подготовките официјално стартуваат во почетокот на  наредната седмица,а од денеска до комплетирање  на составот ќе се тренира индивидуално во Авткоманда.После објавување на поширокиот список,денеска Гонзалес ја скрати листата  од 28  на 20 играчи .

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ЗА ПРВИОТ СОБИР ( 04.06.2018 )

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Велко Маркоски
Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски

 

Филип Лазаров, Мартин Поповски, Никола Митревски и Никола Маркоски претпладнево беа во салата.. За утре е најавено доаѓањето на Немања Прибак и на Велко Маркоски.Дуелите со Романија поради повреда ги пропушта искусниот дефанзивец Ацо Јоновски.Македонија на 10 јуни во СЦ Борис Трајковски е домаќин на првиот меч.Реваншот со Романија ќе се игра во Клуж на 13 јуни.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ