Головите на Ваилипау и овозможија пласман на Белорусија во втората фаза

7-те голови на десното крило Микита Ваилипау и помогнаа на Белорусија да ја победи Црна Гора и да избори пласман во втората фаза на ракометното првенство.

Ова беше клучен натпревар за Црна Гора и Белорусија кои имаа по една победа од двата одиграни мечеви.

Дури и реми ќе беше доволно за Белорусија, но оваа репрезентација ја совлада Црна Гора со 36 – 27 и сега од Грац ќе заминат во Виена за натпреварите од втората фаза.

Белорусија како втора во групата А нема да пренесе бодови во новата група.

Ваилипау беше најефикасен со 7 постигнати голови а ја освои и наградата за играч на натпреварот.

Владан Липовина ја предводеше Црна Гора со 5 погодоци.

Голманот на Црна Гора, Небојша Симиќ имаше 15 одбрана, но и тие не и помогнаа да биде избегнат убедливиот пораз.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ