
Голман од Партизан ќе го менува Штербик во Вардар
Веќе од поодамна е јасно дека ракометниот клуб Вардар од следната сезона ќе има сериозно изменет состав.
Од сегашниот ростер ќе останат само неколкумина ракометари, а останатите веќе си најдоа нов ангажман за следната сезона.
Според денешните шпекулации во македонските и српските медиуми, голманот на Партизан, Дејан Милосављев ќе направи трансфер во редовите на Вардар. Тој има 22 години и е еден од најголемите таленти кај нашиот северен сосед, а веќе е дел и од сениорската репрезентација на оваа земја. Милосављев би требало да да биде замената за Арпад Штербик, кој летово се враќа во редовите на Веспрем и заедно со Страхиња Милиќ и Даниел Ѓорѓески да го комплетира голманското трио кај „црвено-црните“.
Официјална потврда од Вардар за ангажманот на српскиот голман се’ уште нема.