Голден Стејт во следната фаза од разигрувањето

Бранителот на трофејот во НБА лигата, Голден Стејт во шестиот натпревар од првата рунда во разигрувањето го совлада Лос Анџелес Клиперс и во полуфиналето на Западот ќе се соочи со Хјустон.

Голден Стејт славеше со 129:110, а најзаслужен за триумфот беше Кевин Дурент, кој забележа 50 поени, пет асистенции и шест скока. Стеф Кари мечот го заврши со 24 поени и шест додавања додека Дрејмонд Грин имаше учинок од 16 поени, 10 асистенции и 14 освоени топки под обрачите.

Во поразениот тим најефикасен со 29 поени беше Данило Галинари, а Шаи Гилгеус Александер впиша 22 поени и шест додавања.

Вечерва почнува полуфиналната серија на Истокот меѓу Торонто и Филаделфија додека Денвер против Сан Антонио ќе го одигра седмиот дуел од четврт-финалето на Западот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ