
Голден Стејт поуспешен од Бруклин, продолжува агонијата на Хјустон
Шампионот Голден Стејт на гостувањето против Бруклин славеше со 116:110. Во отсуство на првата ѕвезда во тимот Стеф Кари, кој не настапи поради повреда Кевин Дурент забележа 28 поени и 11 скока, а Квин Кук беше стрелец на 27 поени. Во поразениот тим најефикасен со 24 поени беше Џо Херис.
Лос Анџелес Лејкерс забележа победа од 101:86 во дуелот против Сакраменто. ЛеБрон Џејмс мечот го заврши со 25 поени и седум освоени топки под обрачите, а Брендон Инграм имаше учинок од 12 поени и осум скока. На спротивната страна Де’Арон Фокс впиша 21 поен и седум скока.
Тексашкото дерби му припадна на Сан Антонио кој го совлада Хјустон со 96:89. ЛаМаркус Олдриџ забележа 27 поени и 10 скока, а Дерек Вајт беше стрелец на 14 поени. Во редовите на поразената екипа прв стрелец со 25 поени беше Џејмс Харден.
НБА – резултати
Торонто – Њујорк 128:112
ЛА Клиперс – Милвоки 128:126 (продолженија)
Њу Орлеанс – Феникс 119:99
Чикаго – Кливленд 99:98
Мемфис – Филаделфија 112:106
Мајами – Вашингтон 110:116
Голден Стејт – Бруклин 116:100
Сан Антонио – Хјустон 96:89
Далас – Оклахома 111:96
Сакраменто – ЛА Лејкерс 86:101