ГОЛДЕН СТЕЈТ ПОБЕДИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Убедливи 132-105 за Голден Стејт над Клиперс  во третиот меч од четвртфиналното разигрување  на Западната конференција.Синоќа во Лос Анџелес, Кевин Дурент беше лидер на Вориорс со 38 поени,Кари постигна 21 кош  за 20 минута игра.Ивица Зубас имаше дабл дабл кај Клиперс од 18 поени и 15 скокови.Во серијата на Западот  помеѓу Денвер и Сан Антонио,Спарси стигнаа до 2-1.Сан Антонио предвооен од Дерик Вајт  победи со 118-108.Вајт заврши со 36 поени,Дерозан со 25.Јокиќ кај Денвер уфрли 22.Од плеј-офот на НБА истокот, Филаделфија како гостин стигна до 2-1 против Бруклин, 115-131.Симонс со 31 и Херис со 29 поени има свое шоу во Њујорк.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ