Голден Стејт ќе ја брани титулата во НБА

Голден Стејт е првиот финалист во разигрувањето за титулата во НБА лигата. Актуелниот шампион и во четвртиот дуел против Портланд успеа да забележи победа и го чека епилогот од финалето на Истокот.

Бранителот на трофејот по продолжение од пет минути го совлада Портланд со 119:117 и со вкупен резултат од 4:0 се пласираше во финалето. Стеф Кари мечот го заврши со 37 поени, 11 асистенции и 13 скока, Дрејмонд Грин додаде 18 поени, 11 додавања и 14 освоени топки под обрачите, а Клеј Томпсон впиша 17 поени и шест скока. Во поразениот состав Мејерс Ленард имаше учинок од 30 поени и 12 скока, Демијан Лилард забележа 28 поени и 12 асистенции додека Си Џеј МекКалум беше стрелец на 26 поени.

За Голден Стејт ова е петто по ред финале во НБА и актуелниот шампион е само вториот состав кој по Бостон успева да стигне до овој подвиг. Вечерва на програмата е четвртиот меч во финалната серија на Истокот каде Милвоки води против Торонто со 2:1.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ