ГОЛДЕН СТЕЈТ ЈА ПРОДОЖНИ ФИНАЛНАТА СЕРИЈА

Кошаркарите на ГС го победија Торонто со 106-105 ,намалија на 2-3 во финалната серија и обезбедија најмалку уште еден меч.Сепак триумфот во Канада Ер  центарот мина во сенка на тешката повреда на ахиловата тетива на  Кевин Дурент кој после едномесечна паузза се врати на терен во обид да им помогне на Вориорс.Гостите имаа солидна предност кој почна да се намалува во финалната четвртина.Тројките на Кари и на Томсон сепак  овозможија подобра позиција за ГС во завршницата,иако во последните секунди имаше  грешки и промашувања од двете страни.Лаури имаше можност да ги израдува фановите на Торонто кои се подготвуваа за  шампионск  прослава но промаши шут за три поени.Најзаслужи за триумфот на ГС беа Кари со 31 поени и Томсон со 26,колку што постигна и најефикасниот кај домашните,Кавај Ленард.Шестиот меч од финалната серија ќе се игра во Оукленд.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ