
Ѓоковиќ во полуфиналето на Мастерсот во Лондон
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ во второто коло на завршниот тениски турнир во Лондон во два сета го совлада Александер Зверев и обезбеди пласман во полуфиналето.
На српскиот тенисер за вториот триумф во британската престолнина му беа потребни 78 минути и со 2:0 по сетови 6:1 и 6:1 славеше во дуелот против Германецот.
Во вечерниот термин од денешната програма се среќаваат Марин Чилиќ и Џон Иснер.