Ѓоковиќ не може ниту против 140-тиот тенисер во светот

Новак Ѓоковиќ никако да ја пронајде својата форма, откако денеска на турнирот во Барселона испадна уште на својот прв натпревар, односно во второто коло.

Поранешниот светски рекет број 1 загуби од 140-тиот на АТП ранг-листата, Мартин Клижан во три сета со 6-2, 1-6 и 6-3. Србинот одигра само еден добар сет, вториот, што го доби со убедливи 6-1, но и покрај тоа што во решавачкиот трет сет беше 3-3, Клижан ги освои следните три гема за да дојде до голема победа. Ѓоковиќ, кој е 12-кратен грен слем шампион, на последните пет турнири по операцијата на лактот не успеал ниту еднаш да дојде барем до четвртфиналето.

Првиот носител на турнирот Рафаел Надал во два сета со по 6-4 го совлада својот сонародник Роберто Карбаљес Баена. Шпанецот постави нов рекорд, бидејќи стигна до бројката од 38 освоени гемови по ред на земјена подлога. Последен пат загуби гем на земја минатата година на Мастерсот во Рим, кога загуби од Доминик Тим.

На останатите дуели, Нишикори се повлече од дуелот со Гиљермо Гарсија Лопез поради повреда, Григор Димитров лесно го совлада Жил Симон, препуштајќи му само три гема, додека во следната рунда е и Доминик Тим.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ