
Ѓоковиќ ја заврши сезоната на првото место
И покрај поразот во финалето од Александар Зверев, Новак Ѓоковиќ ја заврши годината на првото место на АТП листата и има 1600 бода предност во однос на второпласираниот Рафаел Надал.
На третата позиција е Роџер Федерер, а по триумфот во Лондон, Зверев го коригираше пласманот и влезе меѓу петте најдобри тенисери на светот потиснувајќи го петтата позиција Јуан Мартин Дел Потро.
Меѓи најдобрите десет се наоѓаат уште Кевин Андерсон, Марин Чилиќ, Доминик Тим, Кеи Нишикори и Џон Изнер.