
ЃОКОВИЌ ЈА КОМПЛЕТИРАШЕ КОЛЕКЦИЈАТА ОД МАСТЕРСИТЕ И СЕ ВРАТИ ВО ATП ТОП 10
Со победата над Роџер Федерер во финалето на турнирот во Синсинати,Новак Ѓоковиќ стигна до единствената шампионска титула која му недостасуваше од Мастерсите.Српскиот тенисер славеше во два сета со по 6-4 и стана првиот со Голден Мастерс колекција ,односно титули од сите девет турнири од серијата 1000.Ѓоковиќ има 31 пехар ,два помалку од рекордерот Рафеал Надал ,но и можност да се изедначи со шпанскиот ас уште во 2018 ако триумфира во Шангај и Париз.Финалистот во Синсанати,Роже Федерер застана на 27 трофеи од Мастерсите.Победата во САД го врати Ѓоковиќ и помеѓу најдобрите 10 во најновото АТП рангирање .Со 4445 боодви,тој го дели 6.место со Марин Чилиќ.Водечки и натаму е Рафаел Надал,пред Федерер,Дел Потро,Зверев и Андерсон а во најдобрите 10 зад Ѓоковиќ и Чиќиќ влегуваат уште Димитров,Тим и Гофан.