
Ѓоковиќ и Осака водечки на АТП и ВТА листите
Новак Ѓоковиќ и Наоми Осака во текот на минатата недела немаа настап на ниту еден турнир, но ги задржаа водечките позиции на најновите ранг листи. Петра Квитова и покрај поразот во Дубаи се искачи на третата позиција.
Светскиот рекет број 1 кај мажите ја задржа предноста од скоро 2000 поени во однос на Рафаел Надал, трет и натаму е Александар Зверев додека меѓу петте најдобри се уште Хуан Мартин дел Потро и Кевин Андерсон. Стефанос Циципас триумфираше во Марсеј, но не успеа да влезе меѓу десетте на АТП листата и во следнава недела ќе биде 11-ти тенисер на светот.
Кај дамите Осака води пред Симона Халеп и Петра Квитова, Слоун Стивенс сега е четврта, а на петтата позиција се наоѓа Каролина Плишкова. Кики Бертенс е седма и таа го смени местото со Анжелик Кербер, кој неделава ќе биде осми рекет на светот.