
Ѓоковиќ и Халеп водечки на АТП и ВТА листите
На една недела пред стартот на првиот Гренд слем годинава, Новак Ѓоковиќ и натаму има убедлива предност на АТП листата пред Рафаел Надал, кај дамите на чело е Симона Халеп пред Каролин Вознијацки.
Ѓоковиќ има 1400 бода предност во однос на Надал, трет не Роџер Федерер, а листата на најдобрите пет во моментов ја комплетираат Александар Зверев и Хуан Мартин дел Потро. Нема измени и во редоследот од шестото до 10 место, Кевин Андерсон е шести, а следуваат Марин Чилиќ, Доминик Тим, Кеи Нишикори и Џон Изнер.
Кај дамите води Халеп, а Вознијацки неделава се врати на втората позиција потиснувајќи ја Анжелик Кербер на третото место. Наоми Осака е четврта додека на петтото место е Слоун Стивенс. Листата од десет најдобри ја комплетираат Елина Свитолина, Каролина Плишкова, Петра Квитова, Кики Бертенс и Дарија Касаткина.