
ЃОКОВИЌ И ДЕЛ ПОТРО ФИНАЛИСТИ НА УС ОПЕН
Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин Дел Потро изборија финале на тенискиот Грен слем турнир УС Опен.Во пресметката со јапонецот Кеи Нишикори ,српскиот тенисер без загубен сет со 3-0 се пласираше по 8 пат во кариерата во финалето на терените на Флешинг Медоуз во Њујорк.Ѓоковиќ полесно од очекувањата , за два часа и 20 минути одигра 6-4,6-3 и 6-2 против Нишикори.Двократниот шампион на УС Опен во финалето ќе се сретне со Дел Потро кој токму во Њујорк ,2009 година, го освои првиот и засега единствен Грен слем трофеј во кариерата.Аргентинецот во второто полуфинале играше со актуелниот број 1 на АТП листата Рафаел Надал,но шпанецот поради болки во десното колено го предаде мечот по водтвсо на противникот од 2-0 во сетови.Во женското финале ,вечерва ќе играат Серена Вилијамс и Наоми Осака.