ГН НА КИНА: ПОЛ ПОЗИЦИЈА ЗА ФЕТЕЛ
Болидите на Ферари ги освоија првите две места во квалифиакциите за Големата награда на Кина,трета трка од Формула 1 шампионатот за 2018 година.Најдобриот резултат го постави Себастијан Фетел.Германецот до 52 пол позиција во кариерата ,четврта во Кина,беше за 87 илјадити делови од секундата побрз од клупскиот колега Кими Раиконен.Од вториот стартен ред трката во Шангај ќе ја почнат пилотите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон.Макс Верстапен и Даниел Рикардо од Ред Бул ги освоија следните две позиции.Помеѓу најдобрите 10 на квалификациите во Шангај влегоа и Нико Хулкенберг со Рено ,Серхио Перез од Форс Индија ,Карлос Сајнц во вториот болид на Рено и Роман Грожан од Хас.Лидер во првенството е Фетел кој после две трки има максимални 50 бодови,17 повеќе од актуелниот шампион Луис Хамилтон.