Гибралтар беше лесен залак, следува Ерменија (ВИДЕО)

Гибралтар не беше сериозен предивик за македонската фудбалска репрезентација, па впишавме три бода на стартот на Лигата на нации.

Македонија славеше на гостински терен со 0-2 на чист квалитет и рутина, а ја продолжи и низата без пораз на осум натпревари.

Двата гола постигнати во првото полувреме преку Иван Тричковски и Езџјан Алиоски ни дадоа комодитет да одиграме едно лесно второ полувреме во кое и ги зачувавме силите за неделниот натпревар со Ерменија.

Овој дуел ќе биде многу важен за момците на Игор Ангеловски, поради нашите амбиции да го освоиме првото место во групата 4, а потоа и да бидеме први во најслабата конкуренција, односнов во Лигата Д.

Ерменија е далеку поквалитетен противник од Гибралтар, но оваа репрезентација вчера се мачеше против Лихтенштајн на домашен терен и славеше со 2-1 откако гостите останаа со играч помалку, а победничкиот гол беше дело на „вардарецот“ Тигран Барсегјан.

Натпреварот со Ерменија во недела се игра на „Филип Втори“ во Скопје со почеток во 20.45 часот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ