ГЕРМАНИЈА ДОМАЌИН НА ЕП ВО 2024

УЕФА денеска објави дека Германија ќе биде домаќин на фудбалското ЕП  во 2024 година. Мнозинството од членовите во Извршниот комитет  на УЕФА,  гласаа во прилог на Германија,која вторпат после 1988 година ќе биде домаќин на континенталниот собир. Кандидатурата на Турција беше неуспешна веќе четврти пат, по 2008, 2012 и 2016 година.

Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз Рајнхард Гриндел непосредно по објавувањето на резултатот од гласањето изјави: „Убаво е што доживуваме ваков убав ден, како за професионалците, така и за аматерите во Германија. Искрена благодарност за довербата, јас чусвтвувам голема одговорност и ќе направиме сѐ за да ја оправдаме.

Натпреварите ќе се играат во Берлин, Минхен, Диселдорф, Штудгарт, Келн, Хамбург, Лајпциг, Дортмунд, Гелзенкирхен и Франкфурт. Финалето ќе се одржи во Минхен или Берлин.

Од одлуките на извршниот комитет на УЕФА, денеска е потврдено  дека ВАР технологијата ќе почне да се применува и во Лигата на шампионите од следната сезона.,поточно од плејофот за пласман во групната фаза кој се игра во август. Дополнително, УЕФА одлучи да има ВАР технологија и во УЕФА Суперкупот во 2019 година, како и на ЕУРО 2020.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ