Гедбан со најдобра одбрана, Дибиров меѓу Топ 10 стрелците во ЛШ

Ракометарите на Вардар во изминатава рунда од шампионската лига се поразени во дуелот против Барселона, но чуварот на мрежата на македонскиот првак се најде во изборот на најдобрите за викендов.

Голманот на Вардар, Калифа Гедбан мина само неколку минути на теренот и имаше само две интервенции, но едната на дуелот со Барселона е прогласена за најдобра во седмото коло од елитното натпреварување.

Тимур Дибиров со 36 гола се наоѓа на делба на 10-тото место на листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите, а идентичен број на погодоци има постигнато и нашиот капитен Кире Лазаров, кој го носи дресот на Нант.

На првото место се наоѓа Нико Ренберг од Кокс со 48 гола, втор е Јохан Хансен од Силкеборг со 47 додека на третата позиција се наоѓа ракометарот на Динамо Букурешт, Амин Банур, кој до овој момент 46 пати се запишал во листата на стрелците.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ