
Футсалците ја урнаа Грција за добар старт на мундијалските квалификации
Македонската футсал репрезентација славеше победа од 5-3 против Грција на првиот натпревар од квалификациски турнир на кој сме домаќини за пласман на СП 2020 година.
Македонија водеше со убедливи 3-0 по првито дел, па дозволи Грците да израмнат на 3-3. Во финишот со два гола ја обезбедивме победата. Крстевски беше стрелец на победничките голови во последните две минути, а во листата на стрелците се запишаа и Андов, Зибери и Левески.
Нашите футсалци утре во рамки на 2.коло коло во малата сала во „Јане Сандански“ играат против Сан Марино, додека на 3 февруари играме против Албанија. Првите две репрезентации на турнирот обезбедуваат место во главната рунда од квалификациите, што се играат на есен.