
Футсал репрезентацијата на Македонија стартуваше со победа
Во првиот натпревар од прелиминарната рунда во квалификациите за пласман на Европското првенство, футсал репрезентацијата на Македонија ја совлада селекцијата на Велс со 1:0.
Нашиот состав потешко од очекувањата успеа да стигне до посакуваните бодови, а единствениот погодок го постигна Даниел Де Соуса во 23 минута.
Македонската репрезентација имаше неколку одлични можности да го совлада противничкиот голман и да забележи поубедлива победа, но сепак на крајот со еден гол успеа да стигне до посакуваната цел.
Во второто коло, утре Велс за противник ја има Норвешка со која ќе се соочиме в сабота од 19 часот, а мечот се игра во малата сала на СЦ Јане Сандански.
ФОТО: Игор Паневски