Фудбалерите се подготвуваат за мечот со Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за претпоследниот настап во Лигата на нации против селекцијата на Лихтенштајн.

Елиф Елмас и Дени Илиев се пожалија на повреди и тие во следниве денови ќе тренираат со намален интензитет.

Нашите репрезентативци се подготвуваат во добра атмосфера и ветуваат нова победа во оваа фаза од натпреварувањето и потврда на првата позиција на табелата.

“Не очекуваат два натпревари, последни за нас во групата од Лига на нации, но сега сме фокусирани на дуелот со Лихтенштајн. Очекуваме да го потврдиме првото место во групата, со наша добра игра и освојување на три бода од Вадуц. Мислам дека сме во добра форма и очекувам подобро издание на Македонија во однос на претходниот месец. Со две победи ние сме први во групата и во тоа треба да веруваме. Секако, овој дуел ќе биде сосема различен од меѓусебната пресметка во Скопје. Мора да ја преземеме иницијативата и поседот на топка, но исто така да бидеме внимателни”, изјави веб страницата на ФФМ, Бобан Николов.

Натпреварот со Лихтенштајн се игра в петок во Вадуц, а почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ