Фудбалерите ќе земаат 50 проценти од платата
По тричасовен состанок меѓу челниците на ФИФА, Здружението на клубовите во Европа и Асоцијацијата на професионални фудбалери конечно се најде решение за платите на играчите.
Најважниот заклучок е дека фудбалерите треба да прифатат намалување на платите од 50 проценти се додека трае паузата поради пандемијата.
Договорено е дека клубовите не смеат да ги раскинуваат договорите со играчите или тренерите како и дека фудбалерите не смеат да ја менуваат средината се до 30 јуни.
На состанокот е договорено дека ниту еден национален шампионат не може да продолжи се додека епидемијата не биде целосно под контрола.