
Фудбалерите ги добија противниците во квалификациите за Евро 2020
Точно на пладне во Даблин со жрепка беа одредени групите за претстојниот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во 2020 година.
Македонската репрезентација е дел од Г конкуренцијата заедно со Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија.
Нашата селекција во битката за настап на континенталниот шампионат не доби ниту еден атрактивен противник, но тоа група во која квалитетот е израмнет и се очекува неизвесна борба за секој бод.
Натпреварите во квалификациите ќе се играат во периодот од март до ноември 2019 година, а настап во завршницата директно обезбедуваат двете прво пласирани репрезентации, а останатите четири места ќе се пополнат по одигрувањето на дуелите од разигрувањето во Лигата на нации.
ФУДБАЛ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020
А ГРУПА
Англија, Чешка, Бугарија, Црна Гора, Косово
Б ГРУПА
Португалија, Украина, Србија, Литванија, Луксембург
Ц ГРУПА
Холандија, Германија, Северна Ирска, Естонија, Белорусија
Д ГРУПА
Швајцарија, Данска, Република Ирска, Грзуија, Гибралтар
Е ГРУПА
Хрватска, Велс, Словачка, Унгарија, Азербејџан
Ф ГРУПА
Шпанија, Шведска, Норвешка, Романија, Фарски острови, Малта
Г ГРУПА
Полска, Австрија, Израел, Словенија, МАКЕДОНИЈА, Летонија
Х ГРУПА
Франција, Исланд, Турција, Албанија, Молдавија, Андора
И ГРУПА
Белгија, Русија, Шкотска, Кипар, Казахстан, Сан Марино
Ј ГРУПА
Италија, Босна и Херцеговина, Финска, Грција, Ерменија, Лихтенштајн