Фудбалери на Брајтон позитивни на Ковид 19

Членот на Управниот одбор на Брајтон, Пол Барбер потврди дека по првите тестирања пред почетокот на подготовките за продолжение на сезоната тројца фудбалери имаат позитивни наоди.

Барбер истакна дека ова ќе биде голем проблем за продолжување на активностите бидејќи вирусот може да се рашири и меѓу останатите играчи.

Во март, Брајтон потврди дека еден фудбалер беше позитивен на Ковид 19, а тројцата новозаразени имале и симптоми по што се очекува конечна одлука дали целиот тим ќе мора да замине во изолација или ќе се почне со тренинзи.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ