Франција со помош на видео-технологијата ја победи Австралија (ВИДЕО)

Еден од најголемите фаворити за освојување на Светското првенство, Фрација стартуваше со победа против Австралија од 2-1 во рамки на првото коло од Групата Ц.

„Триколорите“ малку потешко од очекуваното се справија со „кенгурите“, а на овој натпревар за прв пат беше употребена ВАР-технологијата, а потоа и видео-технологијата на гол-линијата.

Антоан Гризман го отвори резултатот од пенал во 58-та минута. Прекршокот беше направен токму врз напаѓачот, но главниот судија Андрес Куња во прв момент не покажа на белата точка. Потоа доби сигнал од ВАР-технологијата и по прегледувањето на снимката исправно досуди пенал.

Од белата точка дојде и голот на Австралијците, откако Самуел Умтити несмасно играше со рака во својот шеснаесетник, а прецизен од 11 метри беше капитенот Миле Јединак.

Победничкиот гол на Франција беше дело на Пол Погба, а и тука на помош дојде видео-технологијата, откако топката прво удри во пречката и ја мина гол-линијата за само неколку сантиметри пред да излезе од голот.

Во рамки на оваа група Ц денеска се игра и дуелот помеѓу Перу и Данска. На програмата денеска се и два дуели од групата Д, Аргентина – Исланд и Хрватска – Нигерија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ