ФРАНЦИЈА:РАНО Е ДА СЕ ОТКАЖЕ ’’ТУР ДЕ ФРАНС’’

Во интервју  за радио Франс Блу, францусата  министерка  за спорт, Роксана Марасино  изјави дека верува оти годинашното издание на најголемата спортска велосипедска манифестација во светот, Тур Де Франс, може да се одржи без гледачи по патиштата.

За разлика од другите натпревари, оваа трка  во својот економски модел не се потпира на продажба на билети затоа што навивачите ја следат  бесплатно. Целиот свет е сега во нивните домови, и затоа би сакале да гледаме  некое шоу во живо на ТВ  екраните -истакна министерката. Француската влада е во преговори со АСО, која е организитор на Тур Де Франц .Овогодинешнато  издаине е  закажано   за  27 јуни во Ница, со финиш  на 19 јули во Париз. Од почетокот на трката во 1903 година, се одржаа 106 изданија и прекини имало  само со светските војни.Претходно овој месец, првата голема тринеделна трка во велосипедскиот календар  откажана а  требаше да се одржи од 9 до 31 мај во Италија.Не е одреден новиот  датум за популарниот ’’Џиро’’.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ