
Фоњини победник во Монте Карло
Фабио Фоњини е победник на третиот турнир од Мастерс серијата што се одржа во Монте Карло.
Италијанецот во меч што траеше 96 минути во два сета со 6:4 и 6:3 го совлада Душан Лајовиќ и за прв пат во кариерата освои трофеј на еден Мастерс. Триумфот во Монте Карло на Фоњини ќе му донесе и парична награда од 958 милиони евра додека за првиот настап во едно финале на турнирите од Мастерс серијата Лајовиќ ќе инкасира 484 илјади.
Од понеделник почнуваат два турнири во машка конкуренција, а тенисерите ќе настапат во Барселона и Будимпешта.