
ФИФА РАНКИНГ: СЕНИОРИТЕ И НАТАМУ НА 68 МЕСТО
Македонската фудбалска репрезентација и натаму е на 68 место на ранг листата на ФИФА.Сениорите се без промена на позиција веќе 4-ти месец или од 20 септември,кога во однос на месец август направија скок од две места а годината ја започнаа на 76 позиција.Без промена и во рангирањето на Косово.Следниот противник на нашите сениори во плеј-офот од Лигата на нации и натаму е на 131 место.Нема промени и на врвот.Белгија е број 1 пред Франција и Бразил.Во најдобрите 10 влегуваат уште Хрватска,Англија,Португалија,Уругвај,Швајцарија,Шпанија и Данска.