
ФИФА РАНГ ЛИСТА: МАКЕДОНИЈА Е НА 68.МЕСТО
Сениорите забележа прогрес во најновото рангирање на Светската фудбалска федерација и се наоѓаат на 68 место што е скок од три позиции во однос на претходниот месец и доближување до најдобриот пласман ,54-та позиција од 2006 година. Одличниот старт во квалификациите за ЕП во 2020 година ,победата над Летонија и ремито на гости кај Словенија се причина за позитивното поместување на листата кај ФИФА.Од конкурентите во групата ,Полска остана како 20-та на светот, Австрија назадуваше 11 места и сега е на 34.позиција.Нема промена кај Словенија , 63-та . Израел е на 84. позиција a Летонија 133-та.Водечката и натаму е Белгија, пред светскиот шампион Франција.Трет е Бразил ,пред Англија кој ја престигна Хрватска на 4.место.Во топ 10 уште се наоѓаат и Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.